МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА ИНФЛАЦИЈА МЕЃУ 2 И 3% СЛЕДНАТА ГОДИНА Наскоро ќе има правна разврска за ланското картелско здружување на трговците
На исто ниво се очекува да се движи и базичната инфлација.
Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека проекциите за наредната година се инфлацијата да се движи меѓу 2 и 3%.
Според премиерот, на тоа ниво се очекувањата и за нивото на базичната инфлација.
Мицкоски зборуваше и за одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата да изрече казни против Сојузот на стопански комори и уште 4 поголеми трговски синџири поради картелско здружување што, како што беше истакнато од Комисијата, влијаело за договорено покачување на цените на производите.
– Да оставиме Антимонополската комисија да си ја заврши својата работа. Мислам дека наскоро ќе има и разврска – рече Мицкоски.
Тој денеска присуствуваше на промоцијата на Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, во организација на Министерството за локална самоуправа.