ЛЕНИ КРАВИЦ ОСТАНА БЕЗ 4 СУКАНИЦИ Знаеш ли колку силно мораше да тегнеш за да ми ги искинеш од главата?
Лени Кравиц имал страшна средба со обожавателка на својот последен концерт во рамките на неговата турнеја „Blue Electric Light“ во Бризбејн, Австралија.
Пејачот Лени Кравиц (61) настапи во Бризбејн, Австралија, како дел од неговата турнеја „Blue Electric Light“.
Во видео споделено на неговиот Инстаграм по концертот, Кравиц раскажа дека обожавателка му искинала повеќе суканици од главата додека тој настапувал.
– Бризбејн, тоа беше диво. Тоа беше диво. Кога излегов на „Let Love Rule“, една многу возбудена млада дама извади четири суканици од задниот дел на мојата глава. Знаеш колку тешко можеше да ги извлечеш за да ми ги искинеш од главата? Проклетство, бејби – рече пејачот.
Иако инцидентот бил болен и изненадувачки, музичарот нагласи дека тоа нема да го спречи во идните настапи.
Концертот на Кравиц во Бризбејн се одржа по серијата настапи кои тој ги имаше на почетокот на месецот низ Австралија и Нов Зеланд. Турнејата „Blue Electric Light“ ја следи неговиот 12-ти студиски албум со истото име, објавен во 2024 година.
Музичарот претходно изјавил дека ова му е првпат да доаѓа во Нов Зеланд, и дека тоа патување, како и враќањето во Австралија по толку години, му дава најубава енергија.