СИНИША КАРАН ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО РЕПУБЛИКА СРПСКА Додик сега ќе бара враќање на запленетите надлежности
Каран е многу близок човек на Додик. Тој е актуелен министер за научно-технолошки развој и високо образование во Република Српска.
Кандидатот на партијата СНСД, Синиша Каран прогласи победа на претседателските избори во Република Српска.
Според партиските податоци, по обработени 95,61 избирачки места, Каран води со околу 8.500 гласови во однос на противкандидатот Бранко Блануш.
Каран стана кандидат на СНСД откако на лидерот на партијата, Милорад Додик му беше забрането да се кандидира.
– Ова е голема победа. Овој резултат е доказ дека владата има поддршка од народот. Му честитам на Синиша Каран за изборот за претседател на Република Српска – рече Додик.
Тој нагласи дека Република Српска сега ќе бара враќање на запленетите надлежности.
– Бараме сите надлежности да ни бидат вратени, а Синиша Каран ќе работи на овие задачи како професор по уставно право, а јас ќе работам многу упорно на организациските задачи за да соберам доволно гласови за да наметнам решенија и да го добијам она што го добивме со Дејтонскиот договор – рече Додик.
Каран е многу близок човек на Додик. Тој е актуелен министер за научно-технолошки развој и високо образование во Република Српска. Роден е во 1962 година во Грабовац, а основно и средно образование завршил во Купрес. Дипломирал на Факултетот за политички науки во Сараево, а магистрирал на Правниот факултет во Бања Лука.
Кариерата ја градел во безбедносниот и во административниот сектор. Бил началник, водел оддел за криминалистичко-истражно и финансиско-известувачко одделение во Државната агенција за истраги и заштита на Босна и Херцеговина.