ЛАЖНА ПРИЈАВА ЗА БОМБА ВО САЛАТА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ Пријавиле бомба и во хотелот до салата

0

Повици за поставени бомби се примени на линијата за итни повици 112 вчера (22.11.2025) во 20:51 часот и во 21:17 часот, кои се покажале како лажни, соопшти МВР.

На линијата за итни повици 112 се добиени телефонски пријави за наводно поставени експлозивни направи во објектите на Спортската сала „Јане Сандански“ и хотелот што се наоѓа до неа.






Веднаш биле преземени неопходни мерки и активности од полициските службеници, извршени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.

Полицијата трага по дојавувачите.

Поврзани содржини