📽️ ГОРИ ПОЗНАТ ХОТЕЛ НА ИСТРА Огромен пожар го зафати „Мулино“, гостите панично евакуирани

Огнот го зафати таванот на хотелот „Мулино“ кај Пловања, гостите навреме евакуирани, а интервенцијата сè уште трае.

561

Пожар што утрово избувна во хотелот „Мулино“ во близина на граничниот премин Пловања со Словенија е ставен под контрола, но не е целосно локализиран, соопшти началникот на противпожарната служба на округот Истра, Дино Козлевац.

Огнот избувнал околу 9 часот и брзо се проширил на таванскиот дел од објектот, поради што на терен веднаш биле испратени силни противпожарни екипи. Во интервенцијата учествуваат 45 пожарникари со околу 20 возила од повеќе општини.






Според Козлевац, на терен делуваат јавните противпожарни служби од Умаг, Бузет, Пореч и Пула, како и волонтерските друштва од регионот Бује. Дополнителна помош е испратена и од Словенија – екипи од ДВД Сечовље и од противпожарната бригада од Копер се приклучија на акцијата.

– Ова е исклучително сложена интервенција која бара многу ресурси и координација – изјави Козлевац.

Гостите од хотелот биле навреме евакуирани веднаш по избувнувањето на пожарот. Засега нема информации за повредени лица.

Поврзани содржини