ЏОРЏА МЕЛОНИ ГО ЦЕМЕНТИРА ПРАВИЛОТО „ЗЛАТНА МОЌ“ ЗА НАЦИОНАЛНИТЕ РЕСУРСИ Фон дер Лајен ѝ подготви предупредување пред казна

Италија не е единствената членка на ЕУ со вакви прописи, но Брисел верува дека некои од италијанските правила може да го ограничат слободниот пазар и да ги прекршат европските прописи.

216

Европската комисија наскоро ќе испрати формално предупредување до Италија поради загриженоста дека правилата за „златна моќ“ на Италија би можеле да бидат спротивни на законите на ЕУ.

Одредбите за „златна моќ“ на Италија се дизајнирани да ги заштитат националните интереси во стратешките сектори, вклучувајќи ја одбраната и телекомуникациите, а законот се однесува и на банкарскиот сектор.






Италија не е единствената членка на ЕУ со вакви прописи, но Брисел верува дека некои од италијанските правила може да го ограничат слободниот пазар и да ги прекршат европските прописи.

Испраќањето на таканареченото „писмо за известување“ го означува почетокот на формална постапка за прекршок против Рим.

Минатиот месец, италијанскиот министер за економија Џанкарло Џордети објави дека ќе побара појаснување од раководителот на финансиски услуги на ЕУ, Марија Луиза Албукерке, во врска со можните дисциплински мерки од Комисијата.

Европската комисија, исто така, сигнализираше во октомври дека ќе дејствува против италијанскиот закон за „златна моќ“ како дел од притисокот врз земјите од ЕУ кои го попречуваат консолидирањето на банките во регионот.

Италија го воспостави правила за „златна моќ“ уште во  2012 година, првично за сектори како што се одбрана, енергетика, транспорт и комуникации. Но подоцна ја промени  примената на правилото на дополнителни сектори, а од 2020 година, вклучен е и финансискиот сектор (банкарство, кредитни организации).

Целта е владата да може да интервенира кога се во прашање стратешки ресурси – од национална безбедност, јавен интерес и слични причини. Со овие правила Владата треба да биде известена не само кога странски инвеститори, туку и домашни или инвеститори од ЕУ, ќе го променат сопствеништвото во стратешките компании.

Кога има најава за аквизиција, Владата може да постави услови или да го блокира ако смета дека тоа претставува ризик за националниот интерес.

На пример, при спојувањето на UniCredit Bank и Banco BPM, Италија наметна услови. На пример, UniCredit мораше да ги напушти своите активности во Русија до одреден рок. Исто така, владата побара одредени финансиски индикатори (како што е односот помеѓу кредитите и депозитите) да се одржуваат на ниво во текот на неколку години.

 

Поврзани содржини