ПОГРЕБОТ НА БАДИ БЕКИР Е ДЕНЕС Пејачката почина по куса борба со тешката болест

Небахат Бади Бекир која почина вчера (20.11) во Скопје по борба со тешка болест, беше една од најпочитуваните пејачки на македонска народна музика.

727

 

Вчера (20 ноември), почина македонската пејачка Небахат Бади Бекир. Таа беше една од најпочитуваните пејачки на македонска народна музика.

Покрај соло кариерата, настапуваше со групата наречена „Четири грации“, каде покрај неа беа и Благица Павловска, Андријана Алачки и Росана Сариќ- Тодоровска.
Ја нарекуваа и македонската Весна Змијанац.

Бади Бекир снимаше народни песни на македонски, турски и албански јазик и повеќепати беше на турнеја низ поранешна Југославија. По распадот на Југославија најмногу пееше македонски народни песни. Во 2002 година, таа со уште неколку колеги имаше турнеја во Австралија.

Колегите и пријателите со тажни пораки вчера се простуваа од секогаш убавата и насмеана Бади, а нејзиниот колега музичар Горан Алачки објави дека погребот на Бекир ќе биде денес, петок, во Џамијата во Бутел од 12 часот.

– Почивај во мир Бади… Спомените ќе останат… – напиша Алачки.

Поврзани содржини