САД КАСКААТ ЗАД КИНА, ТАЈВАН МОЖЕ ДА БИДЕ ОСВОЕН Трамп добива совети да биде поумерен со Пекинг

Освен извештајот на комисија во Конгресот, неколку блиски сојузници на САД, како Јапонија и Австралија, во приватни разговори признале дека веќе не веруваат во сигурна американска победа во конвенционална војна против Кина. Според нив, најреалниот исход би бил долга и исцрпувачка војна без јасен победник.

176

САД веќе немаат воена предност во Азија, предупредува Независната двопартиска Комисија за економски и безбедносен преглед на САД и Кина (USCC). Во најновиот извештај на 600 страници се наведува дека армијата на Кина се модернизира со такво темпо што до 2027 година би можела или целосно да го освои Тајван или да го направи американскиот одговор премногу скап и ризичен, јави „Вашингтон пост“.

Комисијата проценува дека Кина може да започне напад дури и без предупредување, во рок од неколку часа. Овој наод е заснован на доверливи анализи и симулации кои покажуваат дека брзината на технолошките и логистичките подобрувања во кинеската војска драматично го менуваат односот на сили во Тихиот Океан.






Меѓутоа, уште поинтересно е што неколку блиски сојузници на САД, како Јапонија и Австралија, во приватни разговори признале дека веќе не веруваат во сигурна американска победа во конвенционална војна против Кина. Според нив, најреалниот исход би бил долга и исцрпувачка војна без јасен победник.

Понатаму, тинк-тенкови како RAND и CSIS ја советувале новата администрација на Доналд Трамп да прифати поумерен пристап и да избегнува директен конфликт со Пекинг. Препораките се засноваат на проценки дека одбранбената стратегија на САД мора да се пренасочи кон одвраќање, а не кон фронтална конфронтација.

Сепак, дел од експертите во Вашингтон предупредуваат дека ваквите извештаи би можеле да послужат како изговор за засилена милитаризација и нова трка во вооружување во Азија.

Поврзани содржини