ИМАТЕ СТЕРЕОТИПИ КОН АЛБАНЦИТЕ, РАСПАЛИ РАМА ПО ЛОНДОН Планот за депортација на 700 албански семејства за Тирана е опасна демагогија

Да се издвојуваат Албанците повторно и повторно не е политика, тоа е загрижувачка и непристојна вежба на демагогија, напишал Рама, додавајќи дека токму во момент кога двете земји градат силно партнерство во борбата против нелегалната миграција, Велика Британија не треба да ги третира Албанците како закана.

1,640

Премиерот на Албанија, Еди Рама, остро реагирал на изјавите на британската министерка за внатрешни работи Шабана Махмуд, обвинувајќи ја дека користи „етнички стереотипи“ и „непристојна демагогија“ кога ги издвојува албанските семејства кои одбиваат да се вратат во својата земја.

Во објава на платформата Икс, Рама прашал како е можно еден лабуристички министер „толку лошо да ја повтори реториката на популистичката крајна десница“, јави „Гардијан“.






„Да се издвојуваат Албанците повторно и повторно не е политика, тоа е загрижувачка и непристојна вежба на демагогија“, напишал Рама, додавајќи дека токму во момент кога двете земји градат силно партнерство во борбата против нелегалната миграција, Велика Британија не треба да ги третира Албанците како закана.

Повеќе од дваесет пратеници на Лабуристичката партија ја критикувале Махмуд поради владиниот план што би можел да доведе до присилна депортација на околу 700 албански семејства кои одбиле паричен стимул за доброволно враќање. Министерството за внатрешни работи тврди дека тие немаат законско право да останат, но дека досега не биле приоритет за протерување.

Извор од албанската влада изјавил дека по оваа изјава растат тензиите меѓу Тирана и Лондон, иако соработката околу миграцијата останува функционална. Според британските медиуми, овој вербален судир создава непријатност во време кога Западен Балкан е клучна транзитна зона за мигрантите кои се обидуваат да стигнат до Британија.

Понатаму, аналитичарот Анди Хоџај од Кралскиот институт за обединети служби истакнал дека таргетирањето на Албанците во политичката реторика не е ново, но дека е „длабоко фрустрирачко“ за албанската заедница во Британија.

– Го видовме истиот проблем и во времето на конзервативната влада. Со конкретно именување на Албанија, министерот ја повторува пораката на Фараж, бидејќи ги направи Албанците централен дел од својата реторика – рекол Хоџај.

Ова не е првпат Рама да влезе во судир со британски министер за внатрешни работи. Во 2022 година, тој ја обвини Суела Брејверман за поттикнување на ксенофобија и „етничко таргетирање“ кога Албанците беа посочени како злоупотребувачи на законите за модерно ропство.

Поврзани содржини