📷 БУТЕЛ ЌЕ БЛЕСНЕ ВО НАЈСЈАЈНО НОВОГОДИШНО РУВО Костовски најави празнична бајка каква што досега немало
Општина Бутел веќе се подготвува за новогодишната прославам пред и за време на најудата ноќ
Општина Бутел деновиве се подготвува за најбогатото и најсјајното новогодишно украсување досега, најави градоначалникот Дарко Костовски. Тој порача дека „новогодишната бајка“ повторно ќе пристигне во Бутел, а украсувањето веќе е во полн ек.
Костовски истакна дека годинава граѓаните ќе добијат најубаво новогодишно руво во општината, со повеќе декорации, светилки и празнични елементи отколку во претходните години. Според него, целта е улиците, плоштадите и јавните простори да создадат атмосфера што ќе ги доближи жителите и ќе внесе празнично расположение за сите генерации.
– Активностите за новогодишно украсување се веќе во тек и многу скоро Бутел ќе блесне во најубавото новогодишно руво – порача градоначалникот, додавајќи дека празничната магија ќе биде почувствувана на повеќе локации низ општината.