🎥 ЗАЕДНО ДОШЛЕ, ЗАЕДНО СИ ЗАМИНАЛЕ ОД СВЕТОТ Славните сестри Кеслер кои настапуваа и со Френк Синатра одлучија да се збогуваат со животот во ист ден

Алис и Елен Кеслер, познати како близначките Кеслер, починаа заедно во Гринвалд, Германија, на 89 години преку асистирано самоубиство. Двете беа меѓународно славно пејачко и танцувачко дуо кое работеше со ѕвезди како Френк Синтра, Фред Астер и Семи Дејвис Џуниор

1,272

Легендарните германски пејачки и танчерки Алис и Елен Кеслер, познати како сестрите Кеслер, беа пронајдени мртви во нивниот дом во близина на Минхен на 89-годишна возраст. Нивната смрт го означи крајот на една од најдолгите и најславните кариери во историјата на европскиот шоубизнис.

Сестрите биле пронајдени една до друга, не се поднесени кривични обвиненија, а полициски извор за германски Билд, рекол дека станува збор за самоубиство. Минатата година тие изјавиле дека сакаат да бидат кремирани, а нивната пепел да биде ставена во иста урна.






Сестрите Кеслер беа меѓу најуспешните германски забавувачи на сите времиња. Нивните кариери траеја повеќе од 60 години, а настапуваа заедно со некои од најголемите светски имиња, како што се Френк Синатра, Фред Астер и Семи Дејвис Џуниор.

Тие беа особено обожавани од публиката во Соединетите Држави, Франција и Италија, каде што беа вистински кабаре ѕвезди. Ја претставуваа Германија и на Евровизија со песната „Tonight we go dance“. Позираа за италијанското издание на Playboy.

 

Според „Билд“, сестрите „веќе не сакаа да живеат“ и „одлучија да ги завршат своите животи заедно“.

Според Би-Би-Си, смртта со медицинска помош во суштина беше забранета по германскиот закон од 2015 година со кој се забранува „комерцијалната промоција на асистирано самоубиство“.

Поврзани содржини