МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ Метеопрогнозерот Славчо Попоски предупредува на опасност од поплави
Прогнозите на УХМР и на Славчо Поповски се разликуваат во поглед на драматичноста на предупредувањата, но поплавите во Словенија и во Италија укажуваат дека циклонот Џенова опасно се заканува.
Метеопрогнозерот Славчо Попоски предупредува дека вечерва и особено од вторник Македонија ќе биде под влијание на циклон од Џенова кој ќе условува многу обилни врнежи во текот на целата недела. Тој вели дека постои опасност од подигање на нивото на реките и на езерата, бидејчи за некои места тој најавува неверојатни 400 литри дожд на квадратен метар.
– Сфатете го ова сериозно, бидејќи се работи за екстремно големо количество на воден талог – вели Попоски.
Во објава на Инстаграм Попоски исто така најавува дека можни се снежни наноси во пониските места уште од 22 ноември.
View this post on Instagram