ПО 15.300 ДЕНАРИ ЗА 55.000 СТУДЕНТИ Владата отвори повик за помош при купување лаптоп, таблет или друг електронски уред

Повикот е отворен до 1 јануари 2026 година, а секој студент ќе добие 15.300 денари за набавка на електронски уред, потврди премиерот Мицкоски.

1,256

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека е објавен јавниот повик преку кој секој студент ќе може да добие 15.300 денари за набавка на електронски уред, мерка што, како што истакна, претставува исполнување на владиното предизборно ветување.

Мицкоски рече дека повикот е наменет за околу 55.000 студенти, кои од денеска можат да аплицираат.






– Ги повикувам сите студенти да се пријават. Она што го ветивме, тоа и го реализираме. Секој студент добива 15.300 денари за електронски уред – изјави премиерот, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој појасни дека владата свесно чекала да завршат изборите пред да го активира повикот, за да избегне, како што рече, „неетички толкувања“.

– Не сакаме како претходните влади да отвораме вакви мерки пред избори. Се водевме од принципиелност и затоа го објавивме повикот дури по официјалната одлука на ДИК. Студентите имаат време да аплицираат до 1 јануари 2026 година – нагласи Мицкоски.

Повикот е веќе активен, а студентите ќе може да аплицираат онлајн во наредните недели.

Поврзани содржини