СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА Аукциска куќа продава лични предмети на Евреите жртви на Холокаустот

Меѓународниот комитет за Аушвиц (IAC) основан од преживеани од логорот на смртта Аушвиц апелираше до германска аукциска куќа да ја откаже продажбата на стотици артефакти од времето на Холокаустот, вклучувајќи писма од затвореници и документи што ги идентификуваат десетици жртви.

649

Аукциската куќа Фелцман од западна Германија се најде во центарот на скандал откако објави продажбата на предмети што им припаѓаат на жртвите од Холокаустот. Аукцијата, закажана за понеделник во Нојс, во близина на Дизелдорф, предизвика бура низ целиот свет.

Меѓународниот комитет за Аушвиц (IAC) основан од преживеани од логорот на смртта Аушвиц апелираше до германска аукциска куќа да ја откаже продажбата на стотици артефакти од времето на Холокаустот, вклучувајќи писма од затвореници и документи што ги идентификуваат десетици жртви.






Комитетот ја нарече аукцијата „цинична и бесрамна“ продажба на „Системот на терор“.Потпретседателот на IAC, Кристоф Хојбнер, предупреди дека историјата на преживеаните од Холокаустот се „злоупотребува за комерцијални цели“.

-За жртвите на нацистичкиот прогон и преживеаните од Холокаустот, оваа аукција е циничен и бесрамен потфат што ги остава огорчени и без зборови. Нивната историја и страдањето на сите оние што биле прогонувани и убиени од нацистите се експлоатираат за комерцијална добивка – рече тој.

Хојбнер нагласи дека имињата на поединците се препознатливи во многу документи и дека таквите предмети им припаѓаат на семејствата на жртвите.

– Тие треба да бидат изложени во музеи или спомен-изложби, а не да се сведат на обични стоки. Ги повикуваме одговорните во аукциската куќа Фелцман да покажат основна пристојност и да ја откажат аукцијата- рече Хојбнер.

Огласот за спорната аукција, кој можеше да се прочита на веб-страницата на Фелцман денеска претпладне, беше отстранет попладнето.

Поврзани содржини