НИКОЈ ДОСЕГА НЕ ГО НАПРАВИЛ ОВА Ѓоковиќ собори уште еден рекорд и влезе во историјата
Според официјалните податоци, Ѓоковиќ стана тенисерот со најмногу недели поминати меѓу првите четири на АТП ранг-листата - дури 808.
Најдобриот српски тенисер и еден од најголемите во историјата на овој спорт, Новак Ѓоковиќ, додаде уште еден импресивен рекорд во својата неверојатна кариера.
Според официјалните податоци, Ѓоковиќ стана тенисерот со најмногу недели поминати меѓу првите четири на АТП ранг-листата – дури 808.
Со ова, тој ја прошири својата веќе импресивна колекција на рекорди. Ѓоковиќ го држи и рекордот за најмногу недели поминати на 1-то место (428), најмногу недели во ТОП 2 (599), како и најмногу недели во ТОП 3 (756). Со најновите податоци, тој стана тенисерот со најмногу недели поминати на која било од првите четири позиции.
Оваа информација дополнително го потврдува статусот што Ѓоковиќ го ужива во светот на тенисот и причината зошто многумина го сметаат за најголем на сите времиња.
🚨Novak Djokovic has broken the record for most weeks ranked in the top 4. He now has:
Most weeks at #1 – 428
Most weeks in top 2 – 599
Most weeks in top 3 – 756
Most weeks in top 4 – 808The numbers are insane. 🤯 pic.twitter.com/PsMAmhnmqC
— Danny (@DjokovicFan_) November 16, 2025
Ѓоковиќ неодамна ја освои својата 101-ва титула во кариерата. На АТП турнирот во Атина, тој победи против Лоренцо Мусети со 2:1 во сетови (4:6, 6:3, 7:5), на 38-годишна возраст. Моментално е на четвртото место на АТП ранг-листата, со вкупно 4830 поени.