ЗА 10,7% ЌЕ ПОРАСНЕ БУЏЕТОТ ЗА ПЕНЗИИ, ЗА 7,8 ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА Буџетот за 2026 година ќе биде поддршка за домаќинствата

Буџетот за здравство е зголемен за 1,5%, со дополнителни 884 милиони денари насочени кон подобрување на јавното здравство, медицинска опрема и услуги за пациентите. Се предвидуваат и инвестиции во здравствената инфраструктура, односно 316 милиони денари за реновирање и модернизација на јавното здравство.

238

Предлог буџетот за 2026-та година е насочен кон фискална консолидација, со цел намалување на дефицитот и зголемен економски раст. Дизајниран да ги поддржи домаќинствата, да ја зајакне социјалната заштита и да инвестира во клучни сектори кои директно влијаат на секојдневниот живот на граѓаните, изјави на денешната прес-конференција пратеничката на на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

Меѓу клучните придобивки за граѓаните, како што посочи Стојаноска, се подобрување на социјалната заштита и пензиите.






– Средствата за пензии се зголемени за 10,7%, односно 10,3 милијарди денари повеќе, што директно ги поддржува пензионерите во услови на зголемени трошоци за живот. Додека пак вкупните средства за социјална заштита се зголемени за 7,8%, вклучувајќи поддршка за невработени, децата и ранливите групи – рече таа.

Според неа, зголемена е и поддршка за здравствената заштита. Буџетот за здравство е зголемен за 1,5%, со дополнителни 884 милиони денари насочени кон подобрување на јавното здравство, медицинска опрема и услуги за пациентите. Се предвидуваат и инвестиции во здравствената инфраструктура, односно 316 милиони денари за реновирање и модернизација на јавното здравство.

-Средствата за образованието пак, се зголемени за 3,4%, со акцент на средното и високото образование, како и изградба и реновирање на училишта и студентски домови, спортски сали и енергетска ефикасност во образовните установи – рече Стојаноска.

Стојановска рече дека  активните мерки за вработување имаат зголемена финансиска поддршка за 2,5%, а се става фокус и на поддршката за развој на мали и средни претпријатија, преку дузина програми.

Таа додаде дека се 12,3 милијарди денари ќе биат потрошен за  патишта, железница и јавен превоз.

Стојаноска нагласи се зајакнува и децентрализацијата и дека блок-дотациите, односно трансферите до локалните самоуправи се зголемени за 6,1%, што им овозможува на општините да ги подобрат локалните услуги, инфраструктурата и условите за живот во локалните заедници.

-Економски раст и стабилност- Преку намалување на дефицитот за 5,1%, ќе придонесеме за зголемена макроекономска стабилност и одржлив раст и развој. Воедно, се зголемуваат и приходите во буџетот. Просекот на економскиот раст од 3,8% во 2026 и подобрената наплата на даноците се со единствена цел: обезбедување поголема финансиска сигурност рече таа.

Според  Стојаноска, Предлог-буџетот за 2026 година ги балансира фискалната одговорност и потребите на граѓаните.

-Фокусот останува на поддршка на економскиот развој, социјалната правда, како и многу други сектори на кои ќе има силно позитивно влијание. Се ова, директно или индиректно насочено кон секој еден граѓанин. Финансиски документ кој верувам дека ќе добие широка поддршка од пратениците, бидејќи претставува вистинска инвестиција во иднината – рече Стојаноска.

Поврзани содржини