ЛЕВИЦА ГЛАСАШЕ ПРОТИВ НОВИ УЛИЦИ, БУЛЕВАРИ И ПАРКОВИ ВО СКОПЈЕ Партијата не го поддржа ребалансот на градскиот буџет, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Скопјани треба да знаат дека со новиот ребаланс се предвидува, а Левица не гласаше и не поддржа: изградба на паркот Христијан Тодоровски Карпош, паркот Лепенец, почеток на изградба на 50 мини паркови, реконструкција на улицата Фрањо Клуз, кружен тек во Ѓорче Петров, трета лента на булеварот Александар Македонски, булеварите Хрватска и АСНОМ и клучката кај Момин Поток, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

1,148

Кога инаетот и политиканството се посилни од конструктивноста и интересот на граѓаните, тогаш сигурно се работи за Левица, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Левица денеска во Советот на Град Скопје не гласаше за ребалансот на буџетот со кој се планираат нови паркови, булевари, улици и мерки за почист воздух. Скопјани треба да знаат дека со новиот ребаланс се предвидува, а Левица не гласаше и не поддржа: изградба на паркот Христијан Тодоровски Карпош, изградба на парк Лепенец, почеток на изградба на 50 мини паркови, реконструкција на улицата Фрањо Клуз, кружен тек во Ѓорче Петров, трета лента на булеварот Александар Македонски, булеварите Хрватска и АСНОМ и клучката кај Момин Поток“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Покрај овие проекти се обезбедуваат и пари за изработка на проекти за повеќе улици, меѓу кои се Шарпланинска, Бутелска, Радишанска, кружен тек кај Тобако 2 во Аеродром и други, се додава во соопштението.

„Блокадите и кочењата се одлика на Левица. Тие треба да објаснат зошто работат на штета на скопјани“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Поврзани содржини