📽️ ЕВЕ КАКО СО ПЕСНА РАБОТАТ СЕВЕРНОКОРЕЈСКИТЕ ВОЈНИЦИ ВО КУРСК Москва нема да ја заборави помошта

Во видеоматеријал на руското Министерство за одбрана се гледаат војниците како демонстрираат опрема за откривање мини, вежбаат и пеат патриотски песни. Според воениот весник „Краснаја Звезда“, многу од уредите се со потекло од земјите на НАТО.

712

Москва никогаш нема да ја заборави поддршката на севернокорејските војници кои откриваат мини во Курск, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Работата е опасна и тешка, но нашите корејски пријатели навистина ни помагаат и тоа многу го цениме – додаде тој.






Во видеоматеријал на руското Министерство за одбрана се гледаат војниците како демонстрираат опрема за откривање мини, вежбаат и пеат патриотски песни.

Според воениот весник „Краснаја Звезда“, многу од уредите се со потекло од земјите на НАТО.

– Тие се одлични момци, учат брзо и внимателно, и си запишуваат белешки – рече руски командант.

Според јужнокорејските извори, 6.000 од испратените 14.000 војници на Ким Јонг Ун во Русија загинале.

 

 

Поврзани содржини