И АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ ЗАЕДНО СО ФИЛИПЧЕ ЛЕТУВАЛ НА ЈАХТАТА НА ЗАЕВ!? Манасиевски вели дека тоа е тајната на неговото напредување во СДСМ

Венко Филипче не го интересира напредокот на неговата партија, затоа и го поставува Александар Трајановски за потпретседател на СДСМ, човек кој ги загуби изборите во Аеродром токму како нивен кандидат, вели Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

2,209

Доказот дека Зоран Заев сѐ уште ги држи конците во СДСМ е поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на партијата од страна на Венко Филипче – изјави денеска членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски на прес-конференција.

– Да се потсетиме, овие тројца заедно ги поминаа летните денови на скапите плажи во Грција, на скапата јахта на Зоран Заев, уживајќи во парите кои Заев и Филипче ги испокрадоа од државата со што ги осиромашија граѓаните, кои преживуваа со едвај 150 денари на ден. Венко Филипче како верен послушник на Заев, го прави тоа што неговиот ментор ќе му го заповеда.






Венко Филипче не го интересира напредокот на неговата партија, затоа и го поставува Александар Трајановски за потпретседател, човек кој ги загуби изборите во Аеродром токму како нивен кандидат – рече Манасиевски.

Манасиевски додаде дека во недостиг на вистински кадри и луѓе кои и мислат добро на СДСМ, Филипче става луѓе кои се блиски до него и до Зоран Заев. Според Манасиевски, реформите кои ги најави Филипче во СДСМ мора да почнат со неговата оставка.

Поврзани содржини