СКАНДАЛ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Инспектор запалил службени документи и предизвикал пожар во дворот на станицата

Настанот се случил во дворот на полициското одделение во Македонска Каменица, кога инспектор запалил службени документи во метално буре и предизвикал пожар кој се проширил кон објектот.

656

Инспектор за јавен ред и превенција од Македонска Каменица предизвикал пожар во полициското одделение откако запалил службени документи во старо метално буре во дворот на станицата. Настанот се случил на 27 август годинава, додека инспекторот бил на работа.

Според информациите од МВР, огнот се проширил од бурето и ја зафатил сувата трева во близина, а потоа се приближил до објектот на полициската станица. Благодарение на брзата реакција на присутните, пожарот бил изгаснат навреме и избегната е поголема штета.






Полицијата поднесе кривична пријава против инспекторот Д.С. поради сомнение за „предизвикување на општа опасност“. Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди најави дека против него ќе биде поведена постапка за утврдување на одговорност и дисциплински мерки.

Поврзани содржини