ЕКС-ГРАДОНАЧАЛНИК ГО ОДБИЛ ФИЛИПЧЕ ЗА ФУНКЦИЈА ВО СДСМ? Се работи за познат доктор, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Информации кои од Бихаќка стигнаа до нас, велат дека познат доктор и поранешен градоначалник, одбил функција во раководството на СДСМ, само затоа што не го смета Филипче за релевантен политичар?,прашува Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ на партиска прес-конференција.

3,646

Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДСM затоа што не го смета Филипче за релевантен?, прашува Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ на партиска прес-конференција.

„Информации кои од Бихаќка стигнаа до нас, велат дека познат доктор и поранешен градоначалник, одбил функција во раководството на СДСМ, само затоа што не го смета Филипче за релевантен политичар?“, вели Манасиевски.






Тој тврди и дека јадрото во СДСМ продолжува да се распаѓа по катастрофалниот резултат на локалните избори, на кои освоија 120.000 гласови и само 6 општини.

„СДСМ е во тежок политички ‘нокдаун’, а процесот на консолидација никако да му појде од рака на Филипче.

Дека Филипче има проблеми со консолидацијата и зачувување на онака малото членство, говори и фактот што поранешни активисти, но и функционери и поддржувачи на СДСМ, јавно не се поистоветуваат и со Филипче и СДСМ, или пак не даваат поддршка на политиките и бараат одговорност во нивната партија“.

Maнасиевски вели дека од сите страни се бараат реформи во СДСМ, но и оставка и одговорност од првиот човек на Бихаќка, а, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, само нему таа реалност не му одговара.

„Венко Филипче по сè изгледа е задоволен од целата ситуација и сака да го донесе СДСМ до ниво на статистичка грешка. Им порачуваме на СДСМ да си преземат иницијатива за итни реформи, на Македонија и треба силна опозиција“, се вели во соопштението од прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини