📽️ ОБИКОЛНИЦАТА ВО КРИВА ПАЛАНКА Е ВАЖНА ВРСКА ОД КОРИДОР 8 Се работи на реконструкција и рехабилитација на патот

Рехабилитација на обиколницата Крива Паланка која води до соседна Бугарија. Многу значаен проект на Коридор 8 кој е продолжение на експресниот пат Страцин - Крива Паланка и патна врска со граничниот премин Деве Баир кој е главна врска со Бугарија, напиша вицепремиерот и министер за транспорт под објавеното видео од реконструкцијата.

1,518

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка.

„Рехабилитација на обиколницата Крива Паланка која води до соседна Бугарија. Многу значаен проект на Коридор 8 кој е продолжение на експресниот пат Страцин – Крива Паланка и патна врска со граничниот премин Деве Баир кој е главна врска со Бугарија. Обиколница на Крива Паланка е проект со кој го поттикнуваме регионалниот развој и соработка, во исто време обезбедуваме побрз транспорт и безбеден сообраќај“, напиша вицепремиерот Николоски.






 

Поврзани содржини