ДИДИ СЕ ЛЕЧИ ОД ДРОГА ВО ЗАТВОР, НО ПИЕ АЛКОХОЛ Затворските денови ги почна со инцидент
Шон Диди Комбс е под дисциплинска истрага затоа што остварил недозволен телефонски повик, јави Си-Би-Ес.
Затворскиот живот на познатиот рапер Шон „Диди“ Комбс почна со неколку инциденти, иако тој се обидува да се излечи од зависноста со дрога. Раперот ги минува првите денови од својата казна во федералниот затвор „Форт Дикс“ со нова улога – работи во затворската капела и посетува програма за одвикнување од дрога.
Истовремено, е под дисциплинска истрага затоа што остварил недозволен телефонски повик, јави Си-Би-Ес.
Меѓутоа, според извештаите, Комбс во првата недела од престојот бил обвинет и дека пиел „домашно направен алкохолен напиток“, што тој категорично го негирал.
Притоа, Диди е дел од најинтензивната „Програма за лекување од злоупотреба на дрога“ (РДАП), која му овозможува можност да ја скрати затворската казна до една година. Неговата портпаролка истакна дека раперот „е активно вклучен во процесот на рехабилитација и целосно насочен кон позитивни промени“.
Од друга страна, според затворски извори, дисциплинскиот прекршок за телефонскиот повик може да резултира со привремена забрана за користење телефон и продавница во установата. Повикот, наводно, бил поврзан со неговиот правен тим и подготовка на соопштение за медиумите.
За време на судењето, Комбс изјави дека долгогодишната зависност од дрога и алкохол е причина за неговите погрешни одлуки и дека, првпат по 25 години, е трезен и решен да започне нов живот.