📽️ ФИЛМОТ ЗА ПУТИН СО ЏУД ЛО НЕ ЈА ВОЗБУДУВА МОСКВА „Волшебникот од Кремљ“ ќе се прикажува и во Кремљ?

Според државната агенција РИА Новости, постои можност филмот да се прикаже и во Русија, што е изненадување со оглед на тоа дека темата го допира самиот врв на политичкиот систем.

233

Француското студио „Гаумон“ го објави првиот трејлер за филмот Волшебникот од Кремљ, политичка драма за подемот на Владимир Путин. Улогата на рускиот лидер му е доверена на британскиот актер Џуд Ло, а режијата е на Оливие Асајас.

Во филмот Путин е претставен како студен стратег што ја осознава моќта како единствена цел, а сцената со репликата „Она што ме интересира е моќта. Сакам војна“ веќе предизвика реакции. Сепак, за разлика од очекуваното, од Москва не доаѓа осуда – туку љубопитност, јави „Гардијан“.






Кремљ без паника, филмот ќе се емитува и во Русија?

Според државната агенција РИА Новости, постои можност филмот да се прикаже и во Русија, што е изненадување со оглед на тоа дека темата го допира самиот врв на политичкиот систем. Неофицијални извори тврдат дека во владиниот културен совет не гледа „отворена провокација“ во делото на Асајас, туку „уметничка реконструкција на епохата“.

Американски продуцент вклучен во проектот изјавил дека „филмот ја прикажува Русија со нијанси, без демонизација“. Тој пристап, според повеќето аналитичари, можеби е и причината што Кремљ не реагира со вообичаената нервоза.

„Не баравме контроверзија“

Актерот Џуд Ло, кој се појави на премиерата во Венеција, бил дециден:

– Не се плашев од последици. Не правевме филм за да предизвикаме скандал, туку за да разбереме една комплексна личност – изјави тој за британските медиуми.

Тој и режисерот објаснуваат дека инспирацијата дошла од романот на Џулијано да Емполи, каде што приказната е раскажана преку ликот Вадим Баранов – советник инспириран од реалниот Владислав Сурков.

Меѓу фикцијата и реалноста

Филмот игра на тенката линија меѓу фикција и документарна драма. Критичарите на „Филм Вердикт“ забележуваат дека во желбата да ја опфати целата ера на Путин, режисерот премногу брзо минува низ историските настани, што може да создаде поедноставена слика.

Меѓутоа, токму тој пристап му овозможува на филмот да се прифати и во Русија – како „уметничка визија“, а не како напад. Од друга страна, западната публика го чита како алегорија за современиот авторитаризам.

Политичка смиреност во време на војна

Филмот се појави во момент на војна во Украина, кога секој уметнички чин што го допира Кремљ станува политички сигнал. Но и покрај тоа, засега нема знаци на забрана, а некои руски портали дури го нарекуваат „ретка европска продукција што покажува разбирање за руската душа“.

„Волшебникот од Кремљ“ беше премиерно прикажан на Венецискиот фестивал во август, а во кината ќе пристигне на 21 јануари 2026 година.

Поврзани содржини