АТЛЕТИКО МАДРИД ИМА НОВ МНОЗИНСКИ СОПСТВЕНИК Инвестициски фонд од САД влегува во шпанската фудбалска елита

Четирите сегашни големи акционери ги намалиле своите удели за да му овозможат на новиот инвеститор да стекне контролен пакет и да стане најголемиот сопственик на клубот.

80

Инвестицискиот фонд „Аполо Спортс Капитал (АСК)” е новиот мнозински акционер на Атлетико Мадрид, соопшти денеска шпанскиот фудбалски прволигаш. Со ова, клубот влегува во нова ера на капитал и глобални инвестиции.

„Атлетико Мадрид и неговите главни акционери, Мигел Анхел Хил, Енрике Серезо, Квантум Пацифик Груп и фондовите управувани од Арес Менаџмент, постигнаа договор со глобалната компанија за спортски инвестиции ‘Аполо Спортс Капитал’ која станува мнозински акционер на клубот“, соопштија од Атлетико.






Четирите сегашни големи акционери ги намалиле своите удели за да му овозможат на новиот инвеститор да стекне контролен пакет и да стане најголемиот сопственик на клубот.

„Инвестицијата на АСК ќе ја зајакне позицијата на нашиот клуб меѓу европската фудбалска елита и ќе ја поддржи нашата амбиција за долгорочен успех за милионите фанови низ целиот свет. Акционерите планираат дополнително прибирање капитал за поддршка на идните проекти, меѓу кои и нови вложувања во тимот и големи инфраструктурни иницијативи“, се наведува во клупското соопштение.

Иако финансиските детали од договорот не се откриени, пазарната вредност на Атлетико Мадрид се проценува меѓу 2,5 и 3 милијарди евра.

Поврзани содржини