ПАРИТЕ ОД НАПЛАТЕНАТА ВОДА ГИ СТАВАЛА В ЏЕБ Благајничка си „наплатила“ 9.200 евра од буџетот

1,049

Кривична пријава против вработена во Јавно претпријатие за комунални работи Кавадарци за „проневера во службата“ и „затајување“

ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против В.Д.(48) од Кавадарци поради постоење основано сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата“ и „затајување“.






Пријавената В.Д., вработена како благајник во Јавно претпријатие за комунални работи Кавадарци, во периодот од 22.09.2025 до 31.10.2025 одзела 568.684 денари од претпријатието.

Дел од парите од дневниот промет од наплатните пунктови по основ на платени сметки за водоснабдување и комуналии, кои ѝ биле доверени во службата, не ги внесувала на банкарската сметка на претпријатието, односно дел задржувала за себе. Останатиот дел го внесувала на сметката и на тој начин го оштетила јавното претпријатие за 568.684 денари, односно околу 9.200 евра.

Поврзани содржини