НИКОЛОВСКИ ТВРДИ ДЕКА ПРОГРАМАТА ИПАРД 3 Е ПРЕКИНАТА Се запираат исплатите за земјоделците и за фирмите што склучиле договори

Поранешниот министер за земјоделие ја повика владата да ја објави одлуката која пристигнала во петокот околу 16 часот.

703

Поарнешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски тврди дека во петокот околу 16 часот, од страна на националниот координатор за авторизација, преку механизмот за суспендирање на плаќања, е донесена и дистрибуирана до македонските власти одлука за суспендирање на ИПАРД 3 програмата, односно одлука за суспендирање на плаќањата во ИПАРД 3.

– Одлуката стапила на сила веднаш, на неопределено време, се до исполнување на одредени услови и акциски планови. Оваа суспензија опфаќа целосен прекин на исплатите кон земјоделците и компаниите коишто веќе имаат склучени договори и веќе реализираат инвестиции од оваа програма, потпишување на нови договори и преземање на финансиски обврски од платежната агенција, како и објавувањето на нови јавни повици – тврди Николовски.






Според поранешниот министер од редовите на СДСМ, причината за ваквата одлука е скандалот со барање и примање на мито од страна на директорот на платежната агенција и уште четири други лица, вклучувајќи и блиска соработничка на министерот од Министерството за земјоделство. Минатата недела сите тие беа уапсени од полицијата, по налог на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а против четворица од нив судија на претходна посттапк израече мерки притвор.

Николовски јавно праша зошто владата не ја објавила оваа одлука во текот на викендот.

– Дали власта со премолчувањето на оваа одлука се обидува да ги заштити вмешаните во овој корупциски скандал? Земјоделците и сите корисници на оваа програма заслужуваат да ја знаат вистината. Оваа поддршка е наменета за нив, а не за профитирање и лични интереси на било какви функционери – рече Николовски.

Поврзани содржини