НА СКОПЈЕ МУ ТРЕБА НОВ ПЛАН ЗА СООБРАЌАЈ Ќе се набавуваат нови еко-автобуси

По започнувањето на изградбата на првата од трите линии на Градскиот воз, следен приоритет ќе биде подготовката на другите две линии кон Ѓорче Петров и кон Миладиновци.

1,422

Скопје има потреба од нов план за трансформација на градскиот сообраќаен систем, кој ќе донесе поголема ефикасност, економичност и подобар квалитет на живот за граѓаните.

Ова го заклучиле денеска на состанок градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.






– По започнувањето на изградбата на првата од трите линии на Градскиот воз, следен приоритет ќе биде подготовката на другите две линии кон Ѓорче Петров и кон Миладиновци – соопшти Ѓорѓиевски.

Градот Скопје е веќе во комуникација со Владата на Република Македонија за набавка на нови еколошки автобуси кои значително ќе го подигнат јавниот превоз на едно високо ниво, додаде тој.

– Главни теми на состанокот беа подобрувањето на транспортниот систем преку реализација на проектот Градски воз, набавката на нови, еколошки автобуси за градскиот превоз, како и модернизацијата на инфраструктурата во Скопје. Министерот Николоски ја потенцираше силната заложба на Владата за реализација на капитални инвестиции во главниот град како темел на неговиот иден развој – наведе Ѓорѓиевски, кој се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски и на целата Влада за поддршката.

 

Поврзани содржини