ПОВТОРНО СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО СЛОВАЧКА Најмалку 79 лица завршија во болниците, нема загинати

По сударот на два воза што се случи вчера попладне во близина на градот Пезинок во Словачка, најмалку 79 лица завршија во болници, соопшти денеска Словачкиот центар за итни медицински операции.

232

По сударот на два воза што се случи вчера попладне во близина на градот Пезинок во Словачка, најмалку 79 лица завршија во болници, а во најтешка состојба се 3 лица со повреди на градниот кош и на стомакот, соопшти денеска Словачкиот центар за итни медицински операции.

Судирот на возовите REX 1814, кој сообраќал од Нитра до Братислава, и Ex 620, кој сообраќал на линијата Кошице0Братислава, се случи вчера околу 19.30 часот, кога еден од возовите поминал на црвено светло.






Во двата воза имало вкупно 800 патници, претежно студенти.

– Петнаесет амбулантни возила интервенирале на лице место, а 79 пациенти се пренесени во болници. По првичната помош, тие се пренесени во болниците во Крамер и во Ружинов во Братислава. Сите се свесни – соопшти Одделот за итни случаи.

Полицијата потврди дека немало жртви во несреќата. Двајцата машиновозачи се тестирани за алкохол и за дрога, а резултатите биле негативни.

Директорот на Словачките железници, Иван Беднарик, изјави дека мора да ги почекаат резултатите од истрагата и дека сè уште не е јасно дали станува збор за техничка или човечка грешка.

 

По железничката несреќа на делницата Пезинок-Свати Јур, сообраќајот беше целосно прекинат околу 3 часа, а од утрово неколку железнички линии доцнат помеѓу 30 и 50 минути.

Словачкиот премиер Роберт Фицо им посака на повредените брзо закрепнување. Нагласи дека случајот бара темелна истрага.

Фицо, исто така, свика вонредна владина седница на која, како што рече, треба да се донесат потребните одлуки.

Ова е втор судар на возови во Словачка за еден месец.

КАТАСТРОФА ВО СЛОВАЧКА, ПОВЕЌЕ ОД 100 ПОВРЕДЕНИ ВО СУДИР НА ДВА ВОЗА Се испитува дали причината е човечка грешка

Поврзани содржини