СИТЕ СЕ ПЛАШАТ ОД ТРАМП, НО НЕ И ЈАС Зеленски за односите со претседателот на САД

Киев планира да набави 27 системи за воздушна одбрана „Патриот“ од американски производители, за да ја зајакне заштитата од руските воздушни напади.

330

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека цел свет се плаши од неговиот американски колега Доналд Трамп, но не и тој. Зеленски ги негира тврдењата дека Трамп ги фрлил на под географските карти со линиите на фронтот во Украина за време на нивниот тензичен состанок во Белата куќа во октомври, кога очекуваше дека ќе добие крстосувачки ракети „Томахавк“ од Вашингтон.

– Ништо не фрли. Сигурен сум – рече Зеленски пред новинарите во Киев, опишувајќи ги односите со Трамп како „нормални“, „деловни“ и „конструктивни“.






Трамп наводно вршел притисок врз Зеленски да ги прифати максималистичките услови на рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната. Во спротивно, наводно му рекол на Зеленски дека рускиот претседател ќе ја „уништи“ Украина, ако не се сложи во условите на Путин.

На директно прашање дали се плашти од Донал Трамп, Зеленски наведе дека сите во светот се плашат од Трамп, но не и тој лично.

Тој најави дека Киев планира да набави 27 системи за воздушна одбрана „Патриот“ од американски производители, за да ја зајакне заштитата од руските воздушни напади.

Во интервју за „Гардијан“, тој изјави дека и европските земји би можеле да ги префрлат своите „Патриот“ системи во Украина, со цел побрзо да се зајакне одбранбениот штит на земјата.

Зеленски го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека наредува „терористички напади“ врз енергетскиот систем, со кои се убиваат цивили и милиони луѓе остануваат без струја и вода.

Поврзани содржини