МУ ПОМИНАЛЕ ПРЕД КАФАНА И ПУКАЛЕ ВО ВОЗДУХ Застрашување на угостител во Струга
Полицијата трага по сторителите и возилото од кое било пукано.
Во саботата околу пладне, во близина на угостителски објект во Струга, едно лице – сопатник во патничко возило БМВ го отворил прозорот и испукал еден проектил од пиштол во воздух, по што возилото продолжило.
Случајот бил пријавен истиот ден, а полицијата соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и лицата кои се превезувале во возилото и по целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.