ПАДОТ НА ЅИДОТ КОЈ ЈА ОБЕДИНИ ГЕРМАНИЈА Солзи и шампањ го означија крајот на една ера
Меѓутоа, падот на ѕидот не бил само момент на политичка промена, туку и човечка експлозија на радост. Луѓето кои со децении живееле разделени, се прегрнувале на границата, на „Чекпоинт Чарли“, со солзи и шампањско во раце. Ѕидот не бил само бетонски. Тој бил метафора за недовербата, идеолошката шизма и Студената војна. Додека постоел, стотици луѓе загинале обидувајќи се да преминат на запад.
Мал чекан, голем симбол. На 9 ноември 1989 година, германски граѓани со метални прачки и чекани почнале да го кршат Берлинскиот ѕид — највидливата рана од поделбата на Европа. Таа ноќ, кога источногерманските граничари ги отворија премините без наредба „одозгора“, светот сфати дека нешто неповратно се сменило. „Железната завеса“, симболот на стравот и идеолошката изолација, конечно почнала да се рони.
Меѓутоа, падот на ѕидот не бил само момент на политичка промена, туку и човечка експлозија на радост. Луѓето кои со децении живееле разделени, се прегрнувале на границата, на „Чекпоинт Чарли“, со солзи и шампањско во раце.
По завршувањето на Втората светска војна, Германија била поделена на четири окупациони зони под контрола на САД, СССР, Обединетото Кралство и Франција. Подоцна, трите западни зони се здружиле и формирале Западна Германија, а источната зона станала социјалистичка држава под влијание на Советскиот Сојуз. Главниот град Берлин со договор бил поделен на источен и западен дел. На 13 август 1961 година, Источна Германија почнала со изградба на Берлинскиот ѕид, обиколувајќи го целиот Западен Берлин и изолирајќи го од остатокот на земјата. Роднини и пријатели останале одделени, а таа поделеност траела цели 28 години — сè до неговото рушење.
Ѕидот не бил само бетонски. Тој бил метафора за недовербата, идеолошката шизма и Студената војна. Стотици луѓе загинале обидувајќи се да преминат на запад. Според германските архиви, меѓу 1961 и 1989 година повеќе од 600 лица биле убиени при обиди за бегство преку источногерманската граница. Но кога режимот на Источна Германија почнал да се распаѓа, и кога во соседните држави веќе се ширеле бранови на демократија, ѕидот станал бесмислен.
Конечно, вечерта на 9 ноември 1989 година, портпаролот на источнонгерманската влада, Гинтер Шабовски, по грешка изјавил дека границата се отвора „веднаш“, што довело до масовен наплив на граѓани кон премините. Првиот отворен премин бил на улицата Борнхолмер, каде граничарите, збунети и без јасни наредби, дозволиле минување. Така паднал симболот на поделбата, а со него и целиот источен блок.
Обединувањето на Германија било официјално потврдено на 3 октомври 1990 година, но вистинското духовно обединување почнало онаа ноемвриска ноќ, под ѕвездите над Берлин, кога слободата станала заразна идеја.
Но, падот не бил целосен крај на Студената војна. Историчарите најчесто го сметаат декември 1991 година како официјален крај, кога се распаднал Советскиот Сојуз и Михаил Горбачов поднел оставка како негов последен лидер.
До тој момент, Варшавскиот пакт веќе бил распуштен (јули 1991), а источните држави станале демократски и независни.