🎥 БАГЕРИ ВЛЕГОА ВО ВАРДАР Погледнете како ги чистат тињата и ѓубрето кај Камениот мост
Механизација на „Улици и патишта“ денеска го чисти коритото на Вардар од тиња и од ѓубре, а се чистат и косините на реката и централниот дел на кејот, во рамките на акцијата за генерално чистење на Скопје во првите 72 часа од мандатот на новиот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.