🎥 КОМИЧНА СЦЕНА СО ХРВАТСКАТА УБАВИЦА ВО ТАЈЛАНД На претставничката на Хрватска на Мис Универзум ѝ требаше помош на шведската маса

Хрватската Мис Универзум стана хит на Тик-Ток поради урнебесна сцена во Тајланд. Имено, на убавата задранка висока 191 цм ѝ требаше помош на шведската маса поради.

2,730

Мис Универзум на Хрватска, Лаура Гњатовиќ, привлече големо внимание во Тајланд, каде што се одржува овогодинешниот натпревар за Мис Универзум. Социјалните мрежи се преполни со нејзини фотографии и видеа, а многумина сега се насмеаја добро поради едно од најновите видеа објавени на социјалните мрежи, пишува Jutarnji list.

Станува збор за видео на Тик-Ток, во кое можеме да ја видиме Лаура, која е висока 191 см, како мора да се наведнува додека зема храна од шведската маса бидејќи таванот бил пренизок.






@iamtrp225_th

#missuniversecroatia2025 #missuniverse2025 #นางงามเด้อค่าofficial #นางงามเด้อค่า #iamtrp225

♬ Funny – Gold-Tiger

– Дали ти треба помош? – прашува низ смеа лицето што ја снима Лаура, а хрватската убавица исто така се смее и одговара дека ќе се снајде. „Те молам, помагај“, се пошегува таа во видеото.

Патем, убавата задранка е највисоката кандидатка на овогодинешниот натпревар за Мис Универзум. Задарката со адреса во Дубровник ја освои титулата Мис Универзум Хрватска 2025 во Загреб кон крајот на април.

Овогодинешната тема на изборот за убавина е „The Power of Love“, со која организаторите сакаат да нагласат единство, јакнење и отпорност. Девојките ќе останат во Тајланд 20 дена, а покрај Бангкок, ќе ги посетат и Пукет и Патаја.

Покрај со својот изглед, Лаура ја воодушевила јавноста со своето искуство во медицината. Таа учествувала во спасување на девет животи додека работела во Службата за итни случаи на округот Дубровник-Неретва.

– Грижата за оние на кои им е потребна помош и спасувањето животи е во описот на работата на сите нас кои работиме во здравството, без разлика дали сме медицински сестри и техничари, возачи на брза помош или лекари и хирурзи. Неописливо е чувството кога ќе видите како некој се враќа во живот, а како млада медицинска сестра, дури и сега, месеци подоцна, сценаријата од тие моменти сè уште ми се „вртат“ во главата, во детали, како да беше вчера – рекла таа.

Поврзани содржини