ТРАМП ЌЕ ДОБИЕ КОМПЕНЗАЦИЈА ЗА ИЗГУБЕНАТА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР? ФИФА воведува посебна „Награда за мир“

Наградата, како што пишуваат медиумите, ќе се доделува секоја година, а првата ќе ја додели претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, на 3 декември за време на финалната ждрепка за 26-тото Светско првенство на ФИФА во Вашингтон.

147

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска објави дека воведува посебна награда „Награда за мир на ФИФА со образложение дека со неа ќе им „оддаде признание на поединци кои презеле исклучителни и извонредни акции за мир и со тоа ги обедини луѓето низ светот“.

Наградата, како што пишуваат медиумите ќе се  доделува секоја година, а првата ќе ја додели претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, на 3 декември за време на финалната ждрепка за 26-тото Светско првенство на ФИФА во Вашингтон, објавува Политико.






– Во еден сè нестабилен и поделен свет, клучно е да се препознаат извонредните придонеси на оние кои напорно работат за да ги прекинат конфликтите и да ги зближат луѓето во духот на мирот – изјави Џани Инфантино.

Откако се објави информацијата за наградата веднаш се појавија шпекулации дека таа се воведува исклучиво за да се оддаде почит на американскиот претседател Доналд Трамп кој беше номиниран и за Нобеловата награда за мир но не ја доби. Белата куќа минатиот месец остро го критикуваше Нобеловиот комитет за тоа што не му ја додели наградата на Трамп, велејќи дека тој „ја ставил политиката пред мирот“.

ФИФА не одговори на барањето за коментар на Политико.

Првиот човек на ФИФА Инфантино е близок со Трамп, кој голем дел од својот втор мандат го посвети на посредување во мирот во разни конфликти низ светот и сака да се осигури дека ќе го добие признанието што го смета за соодветно за неговата улога како миротворец.

Во јули, ФИФА отвори канцеларија во Трамп Тауер во Њујорк и ја назначи ќерката на Трамп, Иванка, во одборот на директори на добротворен образовен проект кофинансиран од продажбата на билети за Светското првенство.

Поврзани содржини