ГАФ, МНОГУ ЛОШ ГАФ, КАТАСТРОФА… ИЛИ ЖЕСТОКА ПРОВОКАЦИЈА Аца Лукас за постапката на Цеца со бугарското знаме во Велес
Mислам дека е гаф, лош, многу лош гаф, мислам дека тоа е катастрофа и луѓето реагираа онака како што треба да реагираат - вели Аца Лукас.
Славниот српски естраден пеач на новокомпонирана музика Аца Лукас за ХајпТВ го коментираше инцидентот на неговата колешка Светлана Ражнатовиќ Цеца, која на концерт во Велес го развеа бугарското знаме и предизвика гнев кај македонаката публика.
– Не можам да разберам, да им ја навредуваш гордоста на луѓе кои ти дошле на концерт, луѓе кои те сакаат… Зошто тоа го направила, дали го направила намерно? Уште полошо е ако е од незнаење, ако не знае како изгледа знаме на некоја држава, тоа е веќе, знаеш… Јас кога не би знаел како изгледаат знамињата, не би земал ниту едно знаме, би пеел без знаме, ама мислам дека не е тоа во прашање. Не знам, мислам дека е гаф, лош, многу лош гаф, мислам дека тоа е катастрофа и луѓето реагираа онака како што треба да реагираат. Особено што тука дошле луѓе што ја сакаат неа. За мене е непоимливо и несфатливо дека некој може такво нешто да направи. Ако знаела што прави, тогаш тоа би можело да биде некој вид провокација, жестока – вели Лукас.