КОРДОНИ СПЕЦИЈАЛЦИ ОКОЛУ СРПСКОТО СОБРАНИЕ Тензично меѓу демонстрантите и приврзаниците на Вучиќ
Дијана Хрка, мајката која штрајкува со глад, ги замоли демонстрантите да не се приближуваат до Пионерскиот парк за да не дојде до судири.
Поддржувачи на српските власти се собираат вечерва во близина на српскиот парламент и во Пионирски парк, спроти Собранието, а со ограда и голем кордон полиција во опрема за разбивање демонстранти, се раздвоени од граѓаните кои во близина ја поддржуваат Дијана Хрка, мајката на млад човек кој загина лани при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Хрка апелираше попладнeво до граѓаните, кои ја поддржуваат додека таа штрајкува со глад пред српскиот парламент, да останат смирени и достоинствени и да не предизвикуваат немири.
Таа штрајкува со глад веќе четири дена и побара од нејзините поддржувачи да не фрлаат и да не се конфронтираат со жандармеријата и полицијата.
– Каде што се сега, утре нема да бидат, Србија ќе остане слободна – рече Дијана Хрка.
Таа ги замоли присутните да останат достоинствени и да не се приближуваат до Пионирскиот парк, за да нема судири.
Во Белград од попладнево со голем број автобуси пристигнуваа приврзаници на властите.