ЗАГИНАА ДВАЈЦА ЖИТЕЛИ НА ДРЕНОВО Познати се жртвите во тешката сообраќајка, еве каква е состојбата на петтемина повредени

Несреќата се случи вчера попладне кај селото Радобил, а според официјалните податоци од МВР, во сударот животот го загубија двајца жители на Дреново, додека петмина се повредени.

1,756

Официјалните податоци од МВР ги потврдија трагичните детали за сообраќајната несреќа што се случи вчера попладне на магистралниот пат Градско–Прилеп, кај селото Радобил. Во судар меѓу „фолксваген пасат“ со велешки регистарски таблички и „киа“ со радовишки, животот го загубија двајца мажи од кавадаречкото село Дреново.

Според полицијата, во несреќата на самото место починале возачот на „пасатот“, 35-годишниот Ѓ.П. од Дреново и неговиот сопатник Б.П. (56), исто така од истото село. Лекарска екипа пристигнала веднаш, но само ја констатирала нивната смрт. Телата на загинатите се предадени на обдукција по наредба на јавен обвинител.






Возачот на другото возило, 31-годишниот О.О. од селото Тополница, Радовишко, како и неговиот сопатник С.О. (24), се здобиле со тешки телесни повреди. Повредени се и Н.П. (28), Т.П. (53) и С.П. (31), сите од Дреново, кои биле патници во истиот автомобил. Повредените се хоспитализирани во Градската болница во Прилеп и во Општата болница во Кавадарци.

Полициски екипи и јавен обвинител извршија увид на местото на несреќата за да се утврдат причините и околностите под кои дошло до сударот. Од МВР велат дека истрагата продолжува.

СИТЕ ЗАГИНАТИ БЕА МЛАДИ ЛУЃЕ, ВАКВО НЕШТО НЕМАМ ВИДЕНО! Д-р Лазаров бил сведок на несреќата во Прилепско

ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ПРИЛЕП-ГРАДСКО Уште петмина се повредени

СЕ ПРЕТЕКНУВАЛЕ, ПА СЕ СУДРИЛЕ Обвинителството изнесе детали за трагичната сообраќајка кај Радобил

Поврзани содржини