ТЕШКА СОБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ИЛИНДЕНСКА Мотоциклист пренесен в болница

Инцидентот се случил околу 16:20 часот помеѓу патничко возило „Фолксваген Туран“ со скопски регистарски ознаки и мотоцикл без регистарски ознаки.

1,378

Попладнево на булеварот Илинден во Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа, во која мотоциклист беше потешко повреден. Министерството за внатрешни работи ги потврди информациите дека инцидентот се случил околу 16:20 часот помеѓу патничко возило Фолксваген Туран со скопски регистарски ознаки и мотоцикл без регистарски ознаки.

Возачот на мотоциклот бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во ГОБ 8 Септември за укажување лекарска помош. Полицијата изврши увид на местото на настанот и работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.






Сообраќајот во овој дел од градот неколку часа се одвиваше отежнато, со зголемен метеж.

Поврзани содржини