ВО ЕУ НЕВРАБОТЕНИ СЕ 13,25 МИЛИОНИ ГРАЃАНИ Највисока е невработеноста во Шпанија, најниска во Чешка, Малта и во Словенија

И во септември минатата година еврозоната бележела стапка на невработеност од 6,3 отсто, додека во целата ЕУ таа изнесувала 5,9 отсто.

104

Стапката на невработеност во Еврозоната, измерена според методологијата на Меѓународната организација на трудот (ILO), во септември изнесувала 6,3 проценти, исто како и во претходните два месеца, покажуваат пресметките на Евростат.

На ниво на Европската унија, стапката останала на нивото од август, кога според ревидираните податоци на статистичката служба изнесувала 6 проценти.






И во септември минатата година еврозоната бележела стапка на невработеност од 6,3 отсто, додека во целата ЕУ таа изнесувала 5,9 отсто.

Според проценките на Евростат, во септември во ЕУ без работа биле речиси 13,25 милиони граѓани, од кои повеќе од 11 милиони во еврозоната.

Шпанија и во септември останала единствената земја со двоцифрена стапка на невработеност – 10,5 проценти. Потоа следи Финска со 9,8, а близу е и Шведска со 8,7 проценти.

Најниска невработеност имале Чешка и Малта, со стапки од 3 отсто. Во оваа група се и Словенија и Полска, со стапки од 3,1 и 3,2 проценти.

Поврзани содржини