ЗАЕДНИЧКИОТ ФИЛМ НА ТОМ КРУЗ И АНА ДЕ АРМАС Е ОДЛОЖЕН Иако славната холивудска двојка веќе започнала со проби, се појавија детали за нивната разделба

Новиот филм на Том Круз и Ана де Армас, „Deeper“, наводно е одложен поради неодамнешното разделување на двојката, и покрај тоа што пробите во Лондон веќе биле почнати.

253

Том Круз (63) и Ана де Армас (37) после девет месеци врска, тивко се разделија пред неколку недели, а на обожавателите сега им е одземена можноста да ја видат хемијата на поранешната двојка на големите екрани.

Deeper е натприроден трилер што следи астронаут кој го истражува мистериозниот океан и би бил нивниот прв заеднички филм.






Но, според интернет личноста Даниел Рихтман, продукцијата сега е паузирана поради тарифите што ги воведе во филмската индустрија американскиот претседател Доналд Трамп.

Минатиот месец, Трамп изјави дека ќе воведе царина од 100 проценти на секој филм направен надвор од САД, вклучително и во Велика Британија.

– Раскинувањето беше одлука на Ана – изјави извор за Us Weekly, откако таа наводно се чувствувала „непријатно“ поради неговото брзо темпо.

– Работите се движеа брзо и таа почна малку да се чувствува непријатно поради тоа колку брзо одеа работите – споделил изворот додавајќи дека иако закочила, ѕвездата на „Балерина“ сè уште многу го сака Круз.

– Иако засега завршија, двајцата имаат контакт и ќе видат како ќе одат работите во иднина – рекол изворот.

Нивната романса наводно започнала откако го поминувале секој ден заедно додека тренирале за интензивните подводни секвенци за нивниот трилер Deeper, кој сега е на чекање.

– Започна како длабока професионална почит, а потоа се разгоре. Том беше целосно воодушевен од Ана – продолжил изворот.

Во меѓувреме, де Армас „уживаше во неговото друштво“ и мислеше дека е „забавно да се биде со него“.

Таа беше исто така „привлечена“ од фактот дека тој „ја поддржува во сè што сакаше да прави“.

Ова доаѓа по извештаите дека де Армас е „во криза“ по разделбата и одложувањето на снимањето на нивниот филм.

– Ана мислеше дека оваа година ќе биде многу поинаква, па затоа е разочарана. Но, таа знае дека ќе биде подобро и продолжува понатаму. И сè уште е пријателка со Том. Не плаче дома – изјавил извор за Дејли Меил.

Веста за нивната разделба се појави претходно овој месец.

– Искрата меѓу нив исчезна, но тие сè уште го сакаат друштвото еден на друг и двајцата се многу возрасни во врска со тоа. Таа веќе е избрана за улога во неговиот следен филм, па ќе продолжат да работат заедно – рекол изворот.

Том и Ана последен пат беа јавно видени заедно неколку месеци претходно, во јули, кога двојката официјално ја објави својата романса.

Во тоа време, двете ѕвезди беа видени како се држат за раце додека одеа на викенд во Вудсток, Вермонт.

Тие беа видени како шетаат низ живописниот град заедно – откако првпат предизвикаа шпекулации за врска претходно оваа година во февруари.

Кратко пред патувањето во Вермонт, двете ѕвезди беа видени и на концертот на Oasis на стадионот Вембли.

Поврзани содржини