📷 ВРЕДИ СО СИЛНА ПОДДРШКА ЗА ОРЦЕ Сплотени за историска победа во Скопје!

Силен обединувачки настан на покана на градоначалникот на Чаир, Изет Меџити. Орце Ѓорѓиевски вети плодна соработка по победата.

2,021

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вечерва се заблагодари на коалицискиот партнер Вреди за, како што рече, „огромната поддршка и заедничката енергија“ во вториот круг од локалните избори.

Настанот се одржа во Општина Чаир, на покана на градоначалникот Изет Меџити, а според Ѓорѓиевски, токму таму се почувствувала сплотеноста и мотивацијата што води кон „историска победа“.






– Масовноста и енергијата што ја почувствувавме вечерва овде се најдобриот доказ дека победата ќе биде историска! Од срце ви благодарам! Градот Скопје нема да ве заборави, напротив, ќе биде вистински партнер на Чаир и на сите негови граѓани – изјави Ѓорѓиевски.

Тој најави конкретни проекти кои, како што нагласи, ќе значат вистински развој за општината.

– Ќе го прошириме булеварот Цветан Димов, ќе изградиме катна гаража кај „Чаирчанка“, ќе вложиме во чист и зелен град, во нови површини за одмор и рекреација, и во многу други проекти кои ќе значат подостоинствен живот за секој чаирчанец – порача кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорѓиевски додаде дека неговата визија за Скопје е град без поделби, по етничка, верска или која било друга основа.

– Кај мене, почитувани, нема поделби ниту по етничка, ниту по верска, ниту по која било друга основа. Ви го давам мојот збор – градот Скопје ќе има рамномерен развој и еднаков пристап за сите. Заедно чекориме кон голема победа – порача тој.

Поврзани содржини