ЗАЕДНО, ЗА ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ ЗА СИТЕ СКОПЈАНИ Кандидатот Мициновиќ повикува на пешачка кампања
Следниот петок пред предизборниот молк, го пешачиме Скопје, затоа што сега сме веќе движење и во овој дел од кампањата ќе бидете инволвирани сите вие - повикува Мециновиќ.
Достоинствени услови за живот на секој жител на Скопје, ветува кандидатот за градоначалник од партијата Левица во видопорака до гласачите пред вториот круг на локалните избори.
– Сите вие кои ја следите и ја поддржувате оваа кампања, да почнете да агитирате помеѓу вашите најблиски. Многу луѓе не ја знаат уште приказната за ова нашe движење. Затоа, вие кои ги знаете пораките и целите на сè ова, разговарајте со вашите најблиски, со Вашите пријатели, родители, баби и дедовци, за да ја прошириме пораката и заедно да славиме победа – апелира преку видеопораката кандидатот за градоначалник на Скопје Амар Мециновиќ.
– Имаме идеја како сите да ве инволвираме во кампањата. Ова е повик за колективна акција. Следниот петок пред предизборниот молк, го пешачиме Скопје, затоа што сега сме веќе движење и во овој дел од кампањата ќе бидете инволвирани сите вие – повикува Мециновиќ.
Тој додава дека заедно со неговиот тим и со сите луѓе кои се приклучија кон ова движење, ги пренесуваат пораките, буквално, до секој скопјанец. Веруваат дека, конечно, под водство на Амар, ќе се случат промени за поквалитетен живот на сите генерации – скопјани со достоинствени услови за живот на секој жител на Град Скопје.