ЗАХАРОВА ОСТРО ПРОТИВ ЗАПАДОТ Санкциите не се привремени, туку механизам за системски притисок врз Русија

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, оцени дека западните санкции претставуваат стратешки инструмент за долгорочен економски и политички притисок врз Русија.

373

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека западните санкции не се ниту привремени, ниту целни, туку претставуваат долгорочен механизам за системски притисок врз Русија.

Говорејќи на форумот „Произведено во Русија“, Захарова нагласи дека западните земји и нивните сојузи водат агресивна кампања против Москва, насочена кон нејзина економска и технолошка изолација.






– Целта е отворено декларирана, финансиска и технолошка изолација, поткопување на перспективите за долгорочен социоекономски развој и нанесување максимална штета на граѓаните со цел дестабилизација на внатрешнополитичката ситуација – изјави Захарова.

Таа додаде дека Западот се обидува да воведе и секундарни санкции против суверени држави, со цел да ги казни заради нивната соработка со Русија и затоа што ги бранат сопствените национални интереси.

– Оние што некогаш зборуваа за отворени граници и отстранување на бариери, сега повторно се вратија на блоковскиот пристап – истакна портпаролката.

Според Захарова, санкциите станаа дел од новата реалност на глобалната економија, која, како што вели, сè повеќе се фрагментира и подложува на политички влијанија.

Поврзани содржини