„ВАКВО НЕШТО НЕ СМЕЕ ДА НИ СЕ СЛУЧУВА“ По бруталното убиство на граѓанин паднаа двајца министри
Словенија завчера беше потресена од трагичен настан - ден маж бил брутално претепан преед ресторан во Ново Место во петокот вечерта, а подоцна им подлегнал на повредите.
Словенечката министерка за правда Андреја Катиќ и министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар му понудија оставки на премиерот Роберт Голоб, кој веднаш ги прифати. Голоб свика вонредна седница по трагедијата во Ново Место.
– Вакво нешто не смее да ни се случува. Надлежните министри ја прифатија својата одговорност. Ги прифатив двете оставки – потврди Голоб по состанокот со министрите.
Истрагата за кривичното дело, според началникот на полицијата Дамјан Петрич, сè уште е во тек, пишува 24ur.
Словенија завчера беше потресена од трагичен настан, во кој едно лице го загубило животот. Еден маж бил брутално претепан пред ресторан во Ново Место во петокот вечерта, а подоцна им подлегнал на повредите. За денеска беше најавен протест.
Според неофицијалните информации, младиот човек го повикал својот татко од клубот „ЛокалПатриот“ тврдејќи дека му се закануваат група луѓе, по што побарал да дојде да го земе. Неговиот татко веднаш пристигнал, и бил нападнат од група мажи, наводно членови на ромската заедница, кои му нанеле сериозни повреди на главата, по што со возило од брза помош бил пренесен во болница, каде им подлегнал на повредите.
РОМИ ПРЕТЕПАА ЧОВЕК ДО СМРТ ВО НОВО МЕСТО Насилството ги крена Словенците на нозе