ЃУБРЕТО ВО СКОПЈЕ СЕ СОБИРА ЗАСИЛЕНО, ПОМАГААТ ДРУГИ ОПШТИНИ И ФИРМИ Ѓорѓиевски порача дека не смее да се загрози здравјето на скопјани
Ѓорѓиевски упати благодарност до општините Куманово, Кавадарци, Илинден, Зелениково, Сопиште и до општествено-одговорните компании кои помагаат во расчистувањето на ѓубрето.
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски соопшти дека од раните утрински часови се чисти сметот во Скопје за да не се загрози здравјето на скопјани.
„Добро утро Скопје, честит празник Македонијо! Додека градските власти спијат, ние од раните утрински часови го чистиме градот. Не смееме да дозволиме поради нефункционалноста на ЈП „Комунална хигиена“ да се загрози здравјето на нашиот народ. Затоа, преземаме во свои раце. А за неколку дена од сега, по преземањето на функцијата градоначалник на Скопје – ова ќе биде минато. Го имате мојот збор! Скопје за 72 часа ќе биде чисто!“, напиша на Фејсбук Ѓорѓиевски.
Тој упати благодарност до општините Куманово, Кавадарци, Илинден, Зелениково, Сопиште и до општествено-одговорните компании кои помагаат во расчистувањето на ѓубрето.