АКО ХАМАС ГО КРШИ ПРИМИРЈЕТО, СОЈУЗНИЦИТЕ БИ ВЛЕГЛЕ СО ВОЈСКА ВО ГАЗА Трамп повторно го предупреди Хамас дека го чека брутален крај

Голем број од нашите сега главни сојузници на Блискиот Исток и околните области експлицитно и цврсто ме информираа дека би ја поздравиле можноста, на мое барање, да влезат со сила во Газа и да го коригираат Хамас, објави американскиот претседател Доналд Трамп.

210

 

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека неговите сојузници на Блиски Исток се подготвени на негово барање да испратат војници во Појасот Газа, ако Хамас не престане со кршење на договорот за прекин на огнот.






„Голем број од нашите сега главни сојузници на Блискиот Исток и околните области експлицитно и цврсто ме информираа дека би ја поздравиле можноста, на мое барање, да влезат со сила во Газа и да го коригираат Хамас, доколку продолжи да се однесува лошо кршејќи го нивниот договор со нас“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл.

Тој додаде дека сè уште постои надеж оти Хамас ќе „го направи тоа што е исправно“, но предупреди дека, во спротивно, „крајот на Хамас би бил брз и брутален“.

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс денеска пристигна во Израел и ќе се обиде да ја стабилизира првата фаза од примирјето во Појасот Газа. Тој утре ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Поврзани содржини