„КЛОНОТ НА ЗАЕВ ГО УНИШТИ СДСМ“ Време е Филипче да си замине, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека резултатите од локалните избори се поразни за СДСМ и доказ дека граѓаните ја казниле политиката на Венко Филипче.

1,063

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека резултатите од локалните избори претставуваат, како што велат, „историски пораз на СДСМ и доказ за нивното целосно губење на довербата од граѓаните“.

„Филипче, клонот на Заев, ја руинира СДСМ. Ова е историски дебакл на некогаш големата партија“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.






Според партијата, СДСМ на локалните избори освоила околу 126 илјади гласови на советничките листи, што, како што наведуваат, е „најлош резултат во историјата на партијата“.

„Или, во број на советници, СДСМ има само 230 – што е два и пол пати помалку од ВМРО-ДПМНЕ. Во споредба со 2021 година, СДСМ изгуби околу 110 илјади гласови и речиси 170 советнички места“, се вели во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека социјалдемократите забележале пад и во традиционално силните општини.

„На неколку места СДСМ е трета, четврта или дури петта партија. Такви се случаите во Битола, Брвеница, Бутел, Карпош, Кочани, Кисела Вода, Куманово, па дури и во градот Скопје“, посочуваат од партијата.

Во реакцијата се наведува дека СДСМ го изгубила и бастионот Струмица, уште во првиот круг, а според ВМРО-ДПМНЕ, тенденцијата е дека ќе ги изгубат и речиси сите општини каде што се оди во втор круг.

„Време е Филипче да си поднесе оставка. Срамни се овие резултати за некогаш големиот Социјалдемократски сојуз. Нам ни е потребна опозиција која ќе биде коректив, а не опозиција водена од човек без кредибилитет како Венко Филипче“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека државата заслужува опозиција со кредибилитет.

Поврзани содржини