ТЕТОВАЖИТЕ НА АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ГО УКРАДОА ШОУТО Фустанот со гол грб беше совршена рамка за колекцијата на актерката

Тоа беше една од многуте работи што сум ги правела во животот, а кои беа одвоени од филмот и снимањето - тоа бев јас, а не лик. Да имаш јас е многу важно кога голем дел од твојата работа е да се трансформираш во други личности - изјави таа за „Бекстејџ“ претходно оваа година.

1,783

Анџелина Џоли привлече внимание на 20-тиот Филмски фестивал во Рим, не само поради нејзиниот впечатлив стил, туку и поради длабоко личната приказна исцртана на нејзиниот грб.
Ѕвездата пристигна на премиерата на нејзиниот нов филм „Couture“, облечена во црн фустан од Алберта Ферети од колекцијата есен/зима 2025.

Од напред, фустанот покажа дискретна елеганција, но, одзади покажа драматичен исечок во форма на солза што го откри она што можеби е нејзиниот најтраен додаток, нејзината обемна колекција тетоважи.






Фустанот со гол грб обезбеди совршена рамка за колекцијата тетоважи на Џоли, секоја од нив покажувајќи трајно поглавје од нејзината животна приказна. Величествен бенгалски тигар се протега по долниот дел од грбот, исцртан во 2004 година во Бангкок, во знак на почит кон нејзиното камбоџанско државјанство.

Над него, актерката прикажува будистички благослов за својот син Медокс, картографски дизајн што ги претставува четирите елементи и континенти и смела прокламација: „Know Your Rights“, инспирирана од The Clash.

За неа, тетоважите се чин на самоодржување.

Тоа беше една од многуте работи што сум ги правела во животот, а кои беа одвоени од филмот и снимањето – тоа бев јас, а не лик. Да имаш јас е многу важно кога голем дел од твојата работа е да се трансформираш во други личности – изјави таа за „Бекстејџ“ претходно оваа година.

Таа го дополни изгледот со проѕирни црни чорапи, чизми со штикли, преголеми обетки со скапоцен камен, долга, права коса и минимална шминка.

Настанот се одржа во Аудиториумот Парко дела Музика во Рим, а Џоли не беше сама на црвениот тепих. ѝ се придружија и колегите Ание Анеи и Луј Гарел, како и француската режисерка Алис Винокур.

Во „Couture“, Џоли ја игра Максин, режисерка која има задача да продуцира краток филм за неделата на модата во Париз, а истовремено се справува со развод и добива дијагноза за рак на дојка. Емотивното патување на ликот отсликуваше некои од животните искуства на Џоли.

Добитничката на Оскар е позната по превентивната двојна мастектомија во 2013 година откако беше позитивна на тестот за мутација на генот BRCA1. Нејзината мајка, Маршелин Бертран, почина на само 56 години од рак на јајниците и на дојката, судбина што ја делат и тетката и бабата на Џоли.

– Јас избрав да ја направам таа операција затоа што ги загубив мајка ми и баба ми многу млади. Го имам генот BRCA, па избрав да направам двојна мастектомија пред една деценија… а потоа ми беа отстранети и јајниците, затоа што тоа ја однесе мајка ми. Тоа се мои избори. Не велам дека секој треба да го прави тоа на тој начин, но важно е да се има избор. И не се каам за тоа – изјави таа неодамна за списанието Hello!

Џоли се осврна на емоционалната тежина на филмот за време на прашањата и одговорите на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во септември, каде што за прв пат го претстави новиот филм.

Кога ја прашаа дали има да сподели порака на надеж, Џоли беше видливо трогната.

– Мислам дека ќе кажам едно нешто што го паметам од мајка ми кога имаше рак – ми рече еднаш… „Сè што ме прашуваат е во врска со ракот“, се присети таа.

– Па би рекла, ако познавате некого што минува низ нешто, прашајте го и за сè друго во неговиот живот. Знаете, тие се целосни личности и сè уште се живи.

Поврзани содржини