СИНЕР ГО ОСВОИ ТУРНИРОТ „ШЕСТ КРАЛЕВИ“ ВО РИЈАД Му одржа лекција по тенис на Алкараз
Третото место оваа година му припадна на Тејлор Фриц, кој водеше со 7:6(4) против Новак Ѓоковиќ, кој одлучи да му го даде мечот.
Италијанскиот тенисер Јаник Синер го освои второто издание на турнирот „Шест кралеви“, откако го победи Карлос Алкараз со 2:0, во сетови 6:2, 6:4.
Во репризата од финалето од пред една година, Синер започна бурно, направи брејк во првиот гем, потоа уште еден во петтиот, и го доби првиот сет со 6:2.
Во вториот сет, Алкараз не му дозволи на својот ривал да биде толку убедлив, спречи брејк во петтиот гем, иако Синер имаше пет можности да му го одземе сервисот, потоа уште еднаш во седмиот, но Синер ја искористи седмата можност, поведе со 4:3 и конечно стигна до 2:0 со 6:4.
На овој начин, Синер го повтори успехот од пред една година, кога го победи Алкараз на истото место само по многу поголема борба и по пресврт.
Третото место оваа година му припадна на Тејлор Фриц, кој водеше со 7:6(4) против Новак Ѓоковиќ, кој одлучи да му го даде мечот.
Италијанецот така стана побогат за, според некои информации, околу шест милиони долари, како шампион на ова натпреварување.